Terms and conditions

  • Услови за користење на платформата за донации


    Добредојдовте на нашата платформа за донации, која овозможува лесно и безбедно собирање на финансиски средства за поддршка на различни иницијативи и проекти. Наша цел е да обезбедиме транспарентност и сигурност за сите корисници на платформата.

    • Платформата функционира како средство за собирање на донации и распределување на истите кон поддржаните иницијативи. Иако вложуваме максимални напори за правилно управување со средствата, платформата не презема одговорност за финалната употреба на средствата од страна на корисниците на донациите.
    • Сите донации направени преку платформата се доброволни и неповратни. Донациите се примаат преку официјално достапни канали за плаќање кои ги поддржуваме, а сите уплати се обработуваат во согласност со важечките закони и регулативи.
    • Платформата со секоја донација наплаќа администартивен трошок за одржување на платформата кој износ не надминува 5% од направената доцнација.
    • Платформата го задржува правото да објавува информации за донации, исклучиво во анонимна форма, освен ако донаторот не се согласи поинаку.
    • Податоците на корисниците и донаторите ќе бидат обработувани и зачувани во согласност со законот. Личните податоци нема да бидат споделени со трети страни без согласност на корисникот.
    • Средствата собрани преку платформата се наменети исклучиво за проектите наведени при поднесувањето на апликацијата. Секое друго користење на средствата е строго забрането.
    • Содржината на платформата, вклучувајќи го и софтверот, дизајнот и базата на податоци, е заштитена со авторски права. Користењето на платформата е ограничено на нејзините регистрирани корисници и е строго забрането копирање, дистрибуција или комерцијално користење на нејзината содржина.
    • Платформата го задржува правото да ги менува овие Услови за користење без претходна најава. Корисниците ќе бидат информирани за промените преку официјалните комуникациски канали на платформата.


    Ве молиме, вашето учество на платформата и донациите да ги направите откако внимателно ќе се запознаете со овие услови. Со користење на платформата, вие се согласувате со сите наведени услови.